Осимен за пресврт и 27-ма титула на Галатасарај

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Галатасарај, по голема драма и пресврт, успеаја да го победат тимот на Анталијаспор на домашен терен и да обезбедат нова, рекордна 27-ма титула во турското првенство на коло пред крајот на сезоната.

Херој на натпреварот беше двојниот стрелец, Нигериецот Виктор Осимен.

Жолто-црвените го пречекаа тимот на Анталијаспор на стадионот „Рамс Парк“ во Истанбул, кој на овој натпревар се сретна на 15-то место, првото над зоната за испаѓање и се обиде сè за да остане непоразен.

Гостите водеа со 0:1 и 1:2, но домаќините успеаја да го свртат резултатот благодарение на Виктор Осимен и победија со 4:2.

Галатасарај ги постигна сите четири гола во второто полувреме.

Стрелци беа Марио Лемина во 56-та минута, Виктор Осимен во 66-та минута од пенал и во 88-та минута и Кан Ајхман во 95-та. Сонер Дикмен во 45-та минута и 62-та минута погоди за Анталијаспор.

Ова е вкупно 27-ма титула на Галатасарај и е апсолутен рекордер во Турција.

Вечерва, Фенербахче убедливо гпобеди на гости кај Коња, но тоа не беше доволно да остане во борбата за титулата.

Галатасарај е шампион на Турција четврти пат по ред, а Фенербахче исто толку пати е вицешампион.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи