Герасимовски: Финансиска поддршка за санација на покриви и лифтови

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа.

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните.

– Сите станбени заедници во Општина Центар кои имаат потреба од санација на покриви или поправка на лифтови можат да се пријават на јавниот повик. Наша цел е да обезбедиме поголема сигурност, подобра функционалност и поквалитетно секојдневие за жителите во колективните станбени објекти, порача Герасимовски.

Со оваа мерка предвидена е финансиска поддршка во висина од 30 проценти од вкупната вредност на инвестицијата, но не повеќе од 150.000 денари за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и до 300.000 денари за поправка и санација на лифтови, додека преостанатите 70 проценти од средствата ги обезбедуваат сопствениците.

Право на учество имаат заедници на сопственици или управители од Општина Центар чиишто станбени згради се постари од 15 години, со најмалку 70% населени станови. Потребна е одлука со потписи од 50% + 1 сопственик, како и комплетна документација според условите наведени во повикот (договори, понуди, фотографии, технички извештај и др.).

Пријавите со целосна документација може да се доставуваат до 30 јуни 2026 година, односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар за 2026 година, во Архивата на Општина Центар, барака 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот или по пошта.

Повеќе информации, условите и потребната документација се достапни на веб-страницата https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260511-javen-p… на Општина Центар  и во Архивата на Општината. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...