Попладнево автобус со прилепски таблички се запали на автопатот Велес–Скопје, кај патарината Отовица. Сите патници навреме се евакуирале и нема повредени.
На местото интервенирале пожарникари и полиција, а причините за пожарот се утврдуваат.
Од АМСМ информираа дека сообраќајот на делницата се одвива по една лента поради гаснењето на автобусот.
Преземено од: Линк













