Шеј Гилџес-Александер е МВП

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Шеј Гилџес-Александер од Оклахома Сити Табдер ја освои својата втора последователна награда за најкорисен играч (MВП) во НБА.

Тој стана 14-тиот играч во историјата на лигата што ја освоил наградата за најкорисен играч две години по ред, изјавија повеќе извори за ESPN.

Шеј Гилџес-Александер ги победи другите финалисти, Никола Јокиќ од Денвер и Виктор Вембањама од Сан Антонио, по уште една доминантна регуларна сезона во која ја предводеше Оклахома до еден од најдобрите настапи во лигата.

Како играч на Оклахома, тој влезе во историјата со освојувањето на својата втора последователна награда за најкорисен играч (MВП), станувајќи првиот играч што го сторил тоа по Никола Јокиќ во сезоните 2020/21 и 2021/22.

Тој исто така стана првиот бек со две последователни награди за најкорисен играч (MВП) по Стеф Кари и неговите доминантни сезони во 2014/15 и 2015/16.

Во текот на целата година, тој забележа нереални бројки и стана првиот бек во историјата на НБА кој просечно постигнувал 30 поени, а шутирал 55 проценти од поле.

Канаѓанецот се приклучи на елитното друштво предводено од Мајкл Џордан, бидејќи тие се единствените играчи кои во просек постигнувале најмалку 30 поени, пет асистенции и реализација од над 50 проценти четири сезони по ред.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...