Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во Нови Сад попладне со свечена академија ќе бидат одбележани „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“.

На свечената академија ќе се обратат македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на српската Влада Ѓуро Мацут, претседателката на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ, како и претседателката на Национален совет на македонското национално малцинство во Србија Зорица Митровиќ.

На 25 мај премиерот на Србија Мацут во Белград разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците македонското малцинство. Како што соопштија од Владата на Србија во таа прилика тој изјавил дека Србија и Северна Македонија се братски и пријателски земји, ориентирани кон соработка, почитување и заеднички просперитет.

– Националните малцинства се вистинското богатство на оваа земја, на што сме горди – рекол Мацут и додал дека почитувањето на различноста и еднаквоста на сите граѓани е основа на здраво и прогресивно општество.

На средбата, на која присуствувал и амбасадорот на Република Северна Македонија во Србија, Никола Тупанчески, било разговарано за денешниот јубилеј што ќе се прослави во Нови Сад – 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...