Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Намалената акциза од 2 денари за горивата ќе продолжи да се применува до средината на јуни. Повластеното ДДВ од 10 отсто за бензините се укинува и ќе се врати на 18%. Владата на вонредна седница одлучи делумно да ги продолжи мерките за горивата кои истекуваа денеска. Дополнително, обезбеди и попуст од 2 денари по литар од најголемиот снабдувач ОКТА, кој ќе се применува од утре, информираат од Владата.

– Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар. Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици, се наведва во владиното соопѓшение. 

Сепак, конечната одлука за новите цени на горивата утре после пладне ќе ја објави Регулаторната Комсија за енергетика. 

Во меѓувреме, цената на нафтата на светските берзи изминативе две недели се стабилизира и се движи околу 90 долари за барел. Очекувањата се дека договорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран да резултираат со брзо завршување на војната, по што ќе се обезбеди непречен проток на нафта низ Ормутскиот теснец.





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...