Хрватска во Риека загуби од Белгија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Хрватска загуби од Белгија (0:2), во првиот подготвителен натпревар пред стартот на Светското првенство. Во Риека, Белгија славеше со головите на Јури Тилеманс во 38-та и Ромелу Лукаку во 96-та минута.

Имаше шанси на двете страни, Хрватите можеа барем да израмнат, но Тибо Куртоа остана несовладан.

Токму Куртоа го спречи Лука Модриќ на крајот од првото полувреме, да изедначи, со феноменална рефлексна интервенција.

Непосредно пред тоа, Тилеманс ја искористи лошата реакција на Јосип Шутало и го совлада Доминик Ливаковиќ.

Резервата Анте Будимир ја пропушти најдобрата можност во продолжението од натпреварот, напаѓачот на Осасуна ја погоди гредата.

Белгијците исто така се заканија во неколку наврати, додека во финишот Марко Пашалиќ шутираше од далечина веднаш покрај стативата.

Лукаку стави точкај на овој натпревар, по одличен контранапад, во последните моменти од играта.

Пред Светското првенство, Хрватска ќе се соочи со Словенија на 7 јуни, додека Белгија ќе игра против Тунис ден претходно.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи