Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Ќе се прочистува списокот на невработени, кои се пријавуваат во Агенцијата, а работат на црно. Надлежните најавија законски измени, со кои јасно ќе се разграничи колку од 90-те илјади невработени, навистина се без работа.

Голем дел од нив се пријавуваат само за да не им се укине минималната загарантирана помош, вели првиот човек на Агенцијата и затоа веќе е формирана работна група, која на терен ќе проверува дали овие лица се неформално вработени. Се размислува во законот да се вметне и трајно одземање на правото за пријавување во Агенцијата, ако се утврди дека работат, а земаат помош. 

Во моментов пазарот има потреба од над 9,000 работници. Но на огласите објавени на Агенцијата за вработување, најголем дел од работодавачите ја нудат или минималната плата или пониска. Никој не смее да ја исплаќа плата под законскиот минимум, вели министерот за економија Дурмиши. Најави контроли и санкции во фирмите

– Не може да се нудат огласи со плата под минималната, имаме закон којшто е на сила. Бидете сигурни дека доколку навистина е така, односно се нудат работни места со плата под минималната, ќе преземеме мерки за тие да бидат санкционирани. Не може ниту една компанија да го злоупотребува законот, истакна Дурмиши. 

Невработените пак, кои сакаат да работат, ќе можат да отворат сопствен бизнис со пари од државата. Преку Оперативниот план за вработување, младите до 29 години можат да аплицираат до 10 илајди евра, а над 29 – 7 илајди евра. За лицата кои ќе се вратат од странство во земјава, ќе добијат и дополнителна сума. Огласите ќе бидат објавени наскоро, а предвидено е да опфатат 10,000 невработени. 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...