(Видео) Кандидатот за претседател на Реал го користи Халанд во кампањата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Ерлинг Халанд, против своја волја се најде во центарот на капањата за претседателските избори во Реал Мадрид.

Противкандидатот на Флорентино Перез, Енрике Рикелме, гостувајќи на една шпанска телевизија, рече дека ќе го донесе Халанд и неговиот соиграч Родри во Реал, доколку биде избран за претседател.

Рикелме, откри дека потпишал гаранција кај нотар и дека лично ќе плати 100 отсто од годишните членарини (социос) за сите 100.000 регистрирани членови на Реал Мадрид доколку не го исполни своето ветување.

„Возбудата“ беше подигната на уште повисоко ниво кога Рикелме се појави на шпанска телевизија каде што водителот држеше дрес на Реал со презимето на Халанд, што предизвика непосредна реакција од агенцијата која ги застапува на интересите на норвешкиот голгетер.

Менаџерката на Халанд, Рафаела Пимента и таткото на фудбалерот, Алфи, го окарактеризираа обидот на Рикелме како забавен, посакувајќи им на кандидатите среќа на изборите закажани за 7 јуни.

За разлика од Пимента и Халанд постариот, жесток одговор дојде од Манчестер Сити.

Прво негираа каков било контакт, а потоа се заканија дека ќе го тужат Рикелме, на што имаат право бидејќи овој претседателски кандидат го користи името на нивниот играч во својата кампања.

Foto/ Depositphotos





Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...