Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април од централнодесничарската партија Тиса.

Орбан (62) беше инспирација за десничарските конзервативци низ Европа и САД како креатор на тоа што тој го нарече „нелиберален“ модел на демократија. По поразот на Фидес, политичката иднина на Орбан беше доведена во прашање, а тој се соочи со притисок од некои поранешни лојалисти да се повлече од политиката, што е прва таква отворена критика откако дојде на власт во 2010 година.

На денешниот конгрес на партијата за реизборот на Орбан гласаа  729 од вкупно 737 делегати, објави државната агенција МТИ. Тој немаше противкандидат.

„Не се откажувам, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш не се откажувам“, изјави Орбан во говорот пред гласањето на конгресот, повторувајќи дека ја презема целосната одговорност за изборниот пораз на партијата.

Тој додаде дека Фидес 16 години беше „фантастична владејачка партија“, но дека треба да помине низ промени за да стане функционална опозициска партија што би можела повторно да владее.

На априлските избори, партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар освои двотретинско парламентарно мнозинство, што беше доволно за да ги поништи уставните измени на Орбан.

Според анкетите на јавното мислење, Фидес ја изгуби поддршката од изборите досега. Мајската анкета на Институтот Публикус покажа дека Тиса има 55 проценти поддршка, во споредба со 53 проценти што ги обезбеди на изборите, додека поддршката за Фидес падна на 17 проценти, во споредба со 39 проценти.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...