Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за договор за крај на војната меѓу САД и Иран, кој би требало да ги стиши тензиите на Блискиот Исток. Иако најавата за смирување на состојбите ги охрабрија свеските пазари за намалување на цената на нафтата, експертите предупредуваат дека и претходните обиди за мир завршуваа со нови ескалации.

„Не заборавајте дека Трамп и републиканците ги очекуваат и среднорочните избори, па и тоа е дел од политичката реалност. Внимателно сме оптимистични, имајќи ги предвид претходните искуства. Како што веќе нагласив, повеќепати досега сме мислеле дека преговорите се при крај. Сега, сепак, изгледа дека ниту иранската страна сериозно не ја оспори содржината на меморандумот за разбирање, па се надеваме дека се движиме во вистинска насока“, изјави Јулијан Чифу, Центар за спречување конфликти и рано предупредување во Романија.

Ормутскиот теснец останува клучен фактор во процесот како  еден од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта чие непречено функционирање е важно за целата економија.  Трамп изјави дека САД ќе ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа и дека по потпишувањето на договорот повторно ќе биде отворена Ормуската Теснина.

„Што и да се потпише ќе треба одредено време работите да се вратат во одредена нормала и прашање е дали тоа ќе се случи. Ормутскиот теснец е важен во целата ситуација“, изјави проф. Александар Иванов од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

„Секако, меѓународната ситуација е многу сложена и имаше многу пречки на патот кон постигнување долгорочни решенија. Затоа мислам дека треба внимателно да ја следиме ситуацијата и да гледаме што ќе се случува понатаму“, изјави Јованка Јакубек-Лалик, вонреден професор по право на Универзитетот во Варшава.

Безбедносните експерти се собраа во Скопје за  форумот „Архитекти на стабилноста“ каде се дебатираше безбедносниот идентитет на Западен Балкан.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...