Засилени полициски контроли во Тетово: одземени мопеди и возило, приведени возачи без возачка дозвола.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

На 15.06.2026 во 08:25 часот на крстосница од ул.„Благоја Тоска“ и ул.„ЈНА“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 15-годишен малолетник од с.Голема Речица, тетовско. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мопед со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. Мопедот е одземен и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.06.2026 во 08:50 часот на ул.„Видео Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.А.(22) од с.Џепчиште, тетовско. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мопед со тетовски ознаки, кој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. Мопедот е одземен и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

…….

На 15.06.2026 во 23:20 часот во с.Слатино, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишија од слобода Ј.А.(26) од с.Доброште. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничкото возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.06.2026 околу 23:10 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово, 17-годишен малолетник од Тетово, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата, малолетникот отишол во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош, а подоцна поради управување на мопедот без возачка дозвола тој лишен од слобода и во присуство на родител, инспектор за малолетници и адвокат, со него бил извршен службен разговор, додека мопедот е одземен.

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи