Седум лица, меѓу кои и двајца малолетници се повредени во судир на три возила на излез од Прилеп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Седум лица, меѓу кои и двајца малолетници се повредени во судир на три возила што се случи вчера попладнето на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп

Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, каде им се укажува медицинска помош.

-На 21.06.2026 од 15:45 часот на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп се случи сообраќајна незгода. Учесници во незгодата се три возила со пет повредени лица кои се упатени во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп, наведуваат од МВР.

Несреќата се случила помеѓу возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(24) од с.Мусинци, општина Могила,  „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 54-годишната В.М. од Битола и патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(51) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената која управувало со маздата, а повредени се и  нејзините сопатници С.В.(37), Н.В.(40) и двајца малолетници, сите од с.Возарци, кавадаречко. Повредени се и другите двајца возачи.

Поради сообраќајката сообраќајот се одвиваше наизменично по една сообраќајна лента.

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи