Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


По претходно недоразбирање во сообраќајот вчера на улица во скопско Црниче автомобил најпрво удрил во мотоцикл, а откако возачот се подигнал, удрил неколку пати во моторот и уште едно возило, по што возилото го напуштило местото. Случајот во полиција го пријавил 29-годишниот возач на мотоцикл, кој по инцидентот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. 

Случајот, како што информираат од МВР, е пријавен вчера во 18:20 часот во СВР Скопје.

– Пријавено е дека на улица „Рилски Конгрес“ во Црниче, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44). Потоа, според пријавеното,  Г.Н. се фатил за предната врата на возилото „пежо“, но тоа продолжило да се движи и да го влече неколку метри, по што Г.Н. паднал, а лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Г.Н. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош- се вели во соопштението од МВР. 

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. ж

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...