Приведувања во Тетово и Гостивар-пронаідена дрога, возење без дозвола и физички напад

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

На 02.07.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.А.(41) од Тетово. Во периодот од 17:20 до 18:05 часот, полициските службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории во Тетово, при што била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 02.07.2026 во 18:15 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници ОВР Гостивар го лишија од слобода Ч.Ф.(54) од Гостивар. При извршен преглед над лицето, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Тој  е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 02.07.2026 во 03:00 часот во СВР Тетово, Ф.З.(21) од Тетово пријави дека околу 02:30 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, пред угостителски објект, бил физички нападнат од Л.Р. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.07.2026 полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Ф.И.(36) од с.Вруток, гостиварско. По претходно случена сообраќајна незгода во Гостивар, при што управувал патничко возило „фолксваген кеди“ со гостиварски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот, полициски службеници го пронашле и по извршена проверка било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител, возачот е лишен од слобода, возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 02.07.2026 во 16:20 часот на регионалниот пат Лешок-Желино, кај с.Жилче, полициски службеници од Полициско одделение Јегуновце го лишија од слобода Р.П.(20) од с.Ново село, Општина Желино. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле товарно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршени проверки, било констатирано дека го управува возилото, без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, Р.П. е задржан во полициска станица, возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 02.07.2026 во 20:40 часот на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода А.Ф.(28) од с.Долна Бањица, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле товарно возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршени проверки, било констатирано дека го управува возилото, без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, А.Ф. е задржан во полициска станица, возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 02.07.2026 во 23:45 часот на ул.„Бањешница“ во Гостивар, полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Р.А.(18) од с.Врапчиште, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле мопед со гостиварски регистарски ознаки, кој тој го управувал и при извршени проверки, било констатирано дека го управува мопедот, без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, Р.А. е задржан во полициска станица, мопедот е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 03.07.2026 година во 01:10 часот, во село Чајле, полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Д.Р.(18) од с.Чајле. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле мопед, кој тој го управувал и при извршени проверки, било констатирано дека го управува мопедот, без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, Д.Р. е задржан во полициска станица, мопед е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок

На 03.07.2026 во 02:30 часот во с.Чајле, полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишија од слобода 17-годишен малолетник од Гостивар. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле мопед со гостиварски регистарски ознаки, кој тој го управувал и при извршени проверки, било констатирано дека го управува мопедот, без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, малолетникот е задржан во полициска станица, мопед е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...