УЕФА: ФИФА ја мина црвената линија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Европската куќа на фудбалот (УЕФА), остро ја критикуваше одлуката на ФИФА да го „помилува“ Фоларин Балогун и да му дозволи да игра во осминафиналето на Светското првенство, и покрај тоа што во претходната рунда доби црвен картон.

Скандалот избувна кога се појави информација дека американскиот претседател Доналд Трамп се јавил во ФИФА за да лобира, црвениот картон да биде поништен. Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, ја исполни желбата на својот пријател.

Реакциите на познати фудбалери и тренери се излеваат насекаде, а сега се огласи и УЕФА, чиј претседател е Словенецот Александар Чеферин. И од Нион се исратени жестоки критики.

Го пренесуваме соопштението на УЕФА во целост:

„Вчерашната одлука за суспендирање за пробен период од една година на примената на автоматската суспензија од еден натпревар по црвениот картон добиен од играчот Фоларин Балогун претставува преминување на црвена линија.

Фудбалот, како и секој друг спорт, се темели на правила, кои се основа на фер, чесно и транспарентно натпреварување. Понекогаш правилата се отворени за толкување. Во овој случај, не се. Минималната автоматска суспензија од еден натпревар по црвениот картон не е дискрециона одлука, ниту пак бара одлука од надлежниот орган за да стапи на сила.

Тоа е принцип вграден во прописите, кој не може да биде предмет на исклучоци, особено не среде турнирот, кога бројни други играчи се нашле во иста ситуација и уредно ја отслужиле својата суспензија.

Кога чуварите на правилата повеќе не можат да гарантираат нивна доследна примена, интегритетот на играта е компромитиран, а кредибилитетот на натпреварувањето е поткопан.

Овој вид одлука создава и преседан за време на тековниот турнир, бидејќи сите слични ситуации во иднина ќе мора да се решаваат на ист начин, на штета на самото натпреварување.

Фудбалот е најомилениот спорт во светот бидејќи е прекрасна игра и ужива доверба бидејќи се игра според истите правила насекаде. Ниеден турнир не е изолиран случај, а кога станува збор за Светското првенство, неговите одлуки можат да имаат позитивни или негативни последици за фудбалот како целина.

Изразуваме неверица кон оваа одлука, која е без преседан, неразбирлива и неоправдана.“

Судирот меѓу домашната екипа и „црвените ѓаволи“ е закажан за вторник (02.00 часот) во Сиетл. Победникот ќе се соочи со победникот од дуелот Шпанија-Португалија за полуфиналето, кое ќе се игра неколку часа порано во Арлингтон (21.00 часот).

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...