Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 отсто, од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина.

-„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните. Резултатите веќе го потврдуваат тоа – велат од Министерството.

Од МВР информираат дека од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95 отсто од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.

-Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите, туку неодговорното возење – велат од Министерството.

Од МВР посочуваат дека продолжуваат со неговата имплементација низ целата држава, затоа што, како што потенцираат, нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите.

-„Безбеден град“ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива – велат од МВР.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
10.1 ° C
10.1 °
10.1 °
86 %
0.2kmh
75 %
Sun
10 °
Mon
14 °
Tue
7 °
Wed
11 °
Thu
12 °

Поврзани написи