Англија или Аргентина, Шпанија чека во финалето

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Англија и Аргентина вечерва во Атланта ќе го одиграа второто полуфинале на 23-то Светско првенство. Мечот во финалето веќе избори Шпанија, со победата 2:0 над Франција.

Натпреварот помеѓу Аргентина и Англија, покрај врвниот квалитет што го поседуваат двете репрезентации, носи и нешто што се нарекува „повеќе од игра“. А задевањето и навредите пред судирот во Атланта траат долго време. Историја, ривалство и две големи приказни: Лионел Меси од едната страна и Хари Кејн и Џуд Белингам од другата.

Актуелните светски шампиони за противник имаат екипа која верува дека конечно е доволно зрела да се врати во финалето и да атакува на својата прва титула од 1966 година.

Англичаните стигнаа до полуфиналето со драматична и контраверзна победа над Норвешка по продолжение, а херој беше Џуд Белингам, кој ги постигна двата гола во триумфот од 2:1.

Аргентина, исто така по продолжение, ја победи Швајцарија со 3:1 и закажа нов голем класик на Светското првенство.

Посебно се издвојува еден неверојатен податок, Хари Кејн и Џуд Белингам постигнаа 12 од 13-те гола на Англија на овој турнир. И двајцата веќе имаат по шест гола и токму овие двајца го носат најголемиот товар на очекувања пред дуелот со „гаучосите“.
Селекторот Томас Тухел призна дека би сакал на крајот да им се приклучат и други играчи, но нагласи дека Кејн и Белингам „ја сакаат одговорноста“ и дека се појавуваат во одлучувачки моменти.

Од друга страна, Аргентина има човек кој го прави овој натпревар да биде посебен. Лионел Меси ќе игра против Англија за прв пат во својата репрезентативна кариера. Во текот на повеќе од две децении, тој се сретна со речиси сите големи фудбалски нации, но Англија остана единствената голема празнина во неговата биографија. Аргентинската федерација го нарече овој дуел „натпревар што судбината му го должеше на Меси“.

Аргентина стигна до оваа фаза низ многу „страдања“, но токму тука лежи силата на тимот на Лионел Скалони. Актуелните светски шампиони не блескаа, но преживеаа тешки нокаут натпревари и најдоа начин повторно да бидат таму каде што притисокот е најголем.

Дуелот во Атланта е продолжение на едно од најпознатите соперништва во историјата на Светските првенства, од 1966 година, преку „Божјата рака“ и „Голот на векот“ на Марадона во 1986 година, до исклучувањето на Бекам во 1998 година и одмаздата на Англија во 2002 година.

Сега улогите се поделени поинаку. Аргентина ја брани титулата, на веројатно последното СП што во кариерата го игра Меси. Англија ги има Кејн и Белингам, двајца играчи кои практично сами ја донесоа репрезентацијата до полуфиналето.

Аргентина и Англија досега одиграле 14 натпревари. „Гаучосите“ имаат само три победи, Англичаните шест. Инаку, ова ќе биде нивниот шести натпревар на Светските првенства.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...