Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Од полноќ повторно ќе се точат поскапи горива. Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од утре ќе се продава за 94 денари.. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат по три денари, па новите цени ќе бидат 90, односно 92 денари за литар.

Од Регулаторната комисија објаснуваат дека новата пресметка е резултат на значителниот раст на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, особено кај дизелот, каде што е регистрирано зголемување од речиси 15 проценти.

Во пресметката е вклучена и владината мерка за намалени акцизи – за еден денар кај бензините и за два денари кај дизелот, со што делумно се ублажува ударот врз крајната цена. 

„Без оваа владина интервенција, согласно пресметките на владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, додека со мерката се очекува зголемување од околу 3 денари по литар. Кај дизел-горивото, без донесената одлука на владата цената би се зголемила за околу 8 денари по литар, додека со намалената акциза се очекува покачување од околу 6 денари по литар“, велат од Владата.

Од Владата додаваат дека ќе продолжат внимателно да ги следат цените движењата на цените на меѓународните пазари и ако е потребно ќе бидат разгледани и дополнителни мерки за амортизација на ценовниот раст.

Инаку, ова е вторпат да се активираат владините антикризни мерки преку намалување на акцизата.  Претходно во април кога беа исполнети условите за нејзино намалување, цената на дизелот беше намалена за дополнителни два денари односно четири денари, а на бензините за дополнителни еден, односно вкупно два денари на литар. Како инструмент за сузбивање на растот на цените на горивата, владата употреби и намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто.. Поради мерките државната каса загуби околу 24 милиони евра.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...