25 години од злосторството во Непроштено: Оддадена почит на киднапираните и убиените Македонци од конфликтот во 2001 година

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Во Спомен-паркот во село Непроштено денеска се одржа комеморативно одбележување по повод 25 години од киднапирањето и убиството на Македонци за време на конфликтот во 2001 година.

Со настанот беше одбележана годишнината од убиството на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски. Тие се меѓу 12-те Македонци кои беа киднапирани за време на конфликтот во 2001 година.

img 7559
img 7557
img 7555

Членови на семејствата на жртвите, жители на Непроштено, претставници на институциите и бројни граѓани положија свежо цвеќе и оддадоа почит на жртвите, потсетувајќи на трагичните настани кои оставија длабока болка кај нивните најблиски и во македонското општество.

Од присутните беше упатена порака дека споменот на жртвите мора да се негува и да се пренесува на идните генерации, со надеж дека вакви трагедии никогаш повеќе нема да се повторат.

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...