Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, го усвоил Предлог-правилникот за доделување еднократна финансиска помош за оштетените објекти на граѓани и правни лица по силното невреме што пред два дена го зафати Скопје.

На седницата, како што соопштија оттаму, градоначалникот Герасимовски истакнал дека личниот пример е најважен, и во акциите на терен и со носење конкретни мерки за поддршка на погодените жители.

– Мој приоритет отсекогаш биле граѓаните. Никој нема да остане сам во справувањето со последиците. Покрај институционалната помош што ја обезбедува Општина Центар, предлагам и јас како градоначалник, како и сите советници, со личен пример да покажеме солидарност и да дадеме финансиска помош за погодените од невремето. Во вакви моменти треба да покажеме единство, одговорност и вистинска грижа за нашите сограѓани, истакнал Герасимовски.

Согласно усвоениот правилник, финансиските средства од општинскиот буџет ќе се доделуваат за санирање на оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување на територијата на Општина Центар. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...