Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува утре да биде објавено соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје.

Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на клучката Момин Поток, Мицкоски рече дека резултатите од досегашните анализи се добри и дека состојбата е санирана во краток рок.

– Екипи од Скопје од Водовод се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите, резултатите се веќе добри, очекувам утре да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење, во рекорден рок од една недела тоа се санираше – изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата ги презела сите мерки што се во нејзина надлежност, а за утврдувањето на одговорноста, како што рече, постапува Јавното обвинителство.

– Она кое што е политика на Владата е да испорачува и ние така и ќе продолжиме, целосна одговорност и целосна ингеренција за тоа што се случи во Гостивар е лоцирана од страна на ЈО, понатаму тие ќе продолжат да лоцираат доколку е потребна и нова одговорност да биде лоцирана од страна на државата иако тоа не се наши ингеренции – изјави премиерот.

Во однос на критиките од опозицијата за неисправноста на водата во неколку градови, Мицкоски оцени дека Владата останува фокусирана на решавање на проблемите и обезбедување услуги за граѓаните.

– Го следам процесот и политиките на опозицијата. Честопати се трудам да не ги коментирам, бидејќи нема суштина за коментирање. Мафтаат со извештаи од периодот кога претседателот на СДСМ бил министер за здравство, но тоа е нивна политика. Нивната политика е да конструираат лаги и да шират хистерија. Она кое што е политика на владата е да испорачува и ние така и ќе продолжиме – рече Мицкоски.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...