Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Подолга инкубација на некои бактерии и вируси, непочитување на мерките и зараза од контакти – ова се дел од причините зошто се уште има поголем број на гостиварци кои бараат лекарска помош поради стомачни тегоби. Според графиката што ја објавува министерството за здравство, вчера во болницата и здравствениот дом во Гостивар на преглед биле 127 граѓани и од 14 ти досега регистрирани се 4197 болни.

-Почитувањето на мерките ќе го ограничи бројот на заболени, секое непочитување само може да ја продолжи епидемијата и секако доколку не се одржува личната хигиена да го продолжи секундарниот начин односно да ја продолжи таа контактна опашка. А и во блиска иднина да речеме за месец дена може да се појави друга епидемија, која би била предизвикана од заразна жолтица, односно, хепатит А, изјави д-р Драган Кочински раководител на епидемиологија во ИЈЗ.

 Од досега направените епидемиолошки анкети кои се доставени до Институтот за јавн оздравје, како што велат епидемиолозите, речиси 99 посто од случаите ги поврзува користењето на водата.

-Во овој момент треба да се направи дистинкција помеѓу лицата кои биле зафатен исо водата, но сега може да се јават и други – труење со храна и други цревни заразни заболувања и вирози затоа е многу битно да се пријавуваат лицата и епидемиолошки да се истражат, односно да се направи соодветна епидемиолошка анкета за да не пропуштиме и некое труење кои би можело да се јави во Гостивар, вели д-р Кочински.  

Епидемија на заразна болест во Гостивар беше прогласена на 19 јули. Додека не добијат чиста вода од чешмите, гостиварци сеуште за пиење и за приготвување на храна треба да користат флаширана вода.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи