Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека денеска се регистрирани 20-тина пожари на отворен простор од кои најголем дел се изгаснати. Останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат изгаснати во текот на денот.

Во гаснењето на пожарите денеска не се вклучени ер -тракторите.

-Пожар којшто беше видлив од подалеку и предизвика одредена вознемиреност кај граѓаните е пожарот на територија на Општина Струга. Конкретно, имавме два пожари на отворен простор – едниот е целосно изгаснат, а вториот е ставен под целосна контрола. Очекувам набргу и тој да биде изгаснат. Во текот на денешниот ден немаше побарувања за ангажан на ер тракторите, изјави Ангелов.

Во однос на состојбата со водата во Гостивар, Ангелов рече дека нема промени, односно водата сеуште не е за пиење бидејќи во некои од примероците земени од Институтот за јавно здравје сеуште има бактерии.

-Водата и понатаму е дозволена само за техничка употреба, но набргу очекуваме да биде прогласена за исправна. Хиперхлорирањето продолжува понатаму, рече Ангелов.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...