Вештачката интелигенција сè почесто станува „соговорник“ за младите кои имаат проблеми, стравови или емоционални тешкотии, покажува ново истражување објавено во JAMA Pediatrics.
Ново истражување во САД покажува дека 19,2% од младите на возраст од 12 до 21 година користеле AI чет-бот за совети поврзани со менталното здравје. Тоа е значителен пораст во однос на 2024 година, кога процентот бил 13,1%.
Особено интересен е податокот што 63,3% од младите не му кажале на никого дека користеле AI за ваков вид советување. Од оние кои го направиле тоа, 91,7% оцениле дека одговорите биле донекаде или многу корисни.
Истражувачите сметаат дека младите можеби го избираат AI затоа што е достапен во секое време, не ги осудува и им овозможува полесно да зборуваат за чувствителни теми.
Сепак, експертите нагласуваат дека AI не треба да биде замена за професионална помош, особено кога станува збор за сериозни проблеми со менталното здравје.
Преземено од: Линк













