Арсенал го насочи вниманието кон Кенан Јилдиз

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Арсенал извиси за потписот на Винисиус Жуниор, па спортскиот директор Андреа Берта веќе наде нова цел. Англискиот првак е заинтересиран за Кенан Јилдиз, кој наводно е подготвен да побара да го напушти Јувентус.

Турскиот интернационалец стана приоритет за тренерот Микел Артета откако пропадна можноста за доведување на Винисиус Жуниор, кој го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Информациите дека турскиот репрезентативец сака да ја продолжи кариерата во Лондон одат во корист на Арсенал. По серија одлични настапи во Серија А, Јилдиз се етаблираше како еден од најперспективните млади играчи и сега е подготвен да му каже на раководството на клубот дека сака трансфер.

Според Инди Каила, 21-годишникот има намера јасно да ја искаже својата желба да се пресели во северен Лондон. Сепак, реализацијата на трансферот ќе зависи од преговорите бидејќи италијанскиот клуб постави цена од 138 милиони евра, што ќе биде сериозен тест за буџетот на Арсенал.

Јилдиз и претходно беше поврзуван со Арсенал. Новинарот Саша Таволиери го опиша како „апсолутен приоритет“ на Артета. Според „Атлетик“, клубот веќе официјално се распрашал за неговата достапност, но Јувентус одговорил дека играчот не е на продажба.

Околностите сега би можеле да се променат бидејќи играчот наводно инсистира на траснферпт.

Јилдиз е во сезоната 2025/26. Имаше одличен настап и регистрираше 11 гола и девет асистенции во сите натпреварувања. Поради таквата продуктивност, многумина веруваат дека тој би бил подобра опција од Габриел Мартинели, чија форма беше нестабилна во последната година.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи