На албанските патишта строги контроли и високи казни за несовесни возачи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Во Албанија стапија во сила новите измени во Законот за сообраќај, со кои се заоструваат мерките против прекршителите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите.

Според законот, овие измени предвидуваат трајно одземање на возачките дозволи за возачите кои се фатени како возат под дејство на алкохол, односно повторно управуваат возило со повеќе од 0,5 промили во крвта, откако претходно биле предупредени или казнети за тоа. Оваа драстична мерка се презема за да се елиминираат хроничните алкохоличари од патот, кои се сметаат за најопасни возачи, објавија медиумите.

Исто така, возењето без возачка дозвола е придружено со построги мерки. Возрасните кои ќе го направат овој прекршок ќе бидат казнети и нема да можат да добијат дозвола според новите правила, додека малолетниците фатени како возат ќе имаат право да се запишат во автошкола само откако ќе наполнат 20 години

Изменетиот законик, исто така, наметнува ограничувања за младите возачи, кои не можат да возат на автопат со брзина над 90 километри на час. Прекршувањето на ова ограничување се казнува со парична казна од 5.000 (54 евра) до 15.000 леки, одземање на возачката дозвола за еден месец и одземање на бодови. Забрана за ноќно возење е воведена за лица до 21 година

Друга новина е што одземањето на дозволата веќе не може да се замени со плаќање двојна казна.

-Не е во наш фокус само да идентификуваме прекршоци, туку да ја подигнеме свеста кај граѓаните, да ги спречиме овие прекршоци во сообраќајот и да избегнеме смртоносни несреќи. Апелираме до сите возачи да не користат мобилни телефони, да не возат под дејство на алкохол и наркотици, да не ги надминуваат ограничувањата на брзината, бидејќи брзината убива. Почитуваното правило е уште еден спасен живот, изјави Скендер Хита, генерален директор на албанската државна полиција.

Порача дека безбедноста на патиштата продолжува да биде еден од приоритетите на Државната полиција, која ги засилува контролите на главните и меѓуградските патни правци, набрзо и преку употреба и на полициски дронови.

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи