Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближил до куќите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето биле ангажирани пожарникари од Битола и Кочани, а дополнително била побарана помош од екипи од Прилеп и Кавадарци.

– Благодарение на храбрите пожарникари од Битола и Кочани, селото беше спасено, рече Ангелов, посочувајќи дека теренот бил тежок, со ридови и висока вегетација, а огнената линија била долга.

Во интервенцијата учествувале и доброволци од Битола, од кои дел се наголтале чад.  Ангелов предупреди дека без навремена интервенција огнот можел да помине низ селото, во кое има повеќе од 50 куќи и живеат повеќе од десет лица, меѓу кои и мајка со бебе.

Сериозна е состојбата и кај селото Палиград во Општина Студеничани, каде пожарот повеќепати бил ставен под контрола, но повторно се активира поради тешкиот терен, високите температури и силниот ветер. Таму се ангажирани професионални пожарникари, возило „Пинцгауер“ на ДЗС и три „ер трактори“.

Активни пожари има и на териториите на Маврово-Ростуше и Кичево.

Ангелов повторно апелираше до граѓаните да бидат крајно внимателни, предупредувајќи дека една искра може да предизвика голема катастрофа. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...