Од утре 148 училишта остануваат празни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Новата учебна 2026/2027 година почнува утре за околу 238.000 основци и средношколци во Македонија, но првиот училиштен ден повторно ја отвора и сè посериозната демографска слика. Во земјава веќе има 148 празни училишни објекти, претежно во руралните средини, како последица на намалениот наталитет и иселувањето.

За првпат во училишните клупи годинава ќе седнат 14.952 првачиња. Бројката е значително пониска од онаа пред една деценија, кога во 2016 година биле запишани 23.266 ученици во прво одделение.

Трендот на намалување продолжувал речиси секоја година. Во 2017 година имало 21.656 првачиња, во 2018 година 22.130, во 2019 година 20.656, а во 2020 и 2021 година нешто повеќе од 21.000. Минатата учебна година на училиште тргнале 17.921 прваче.

Од Министерството за образование и наука посочуваат дека конечната бројка за годинава може дополнително да се промени, бидејќи до крајот на септември трае запишувањето на децата кои не биле запишани во редовниот рок.

Демографот Дончо Герасимовски предупредува и на друг показател – разликата меѓу бројот на ученици на почетокот и на крајот на една учебна година. Според неговите анализи, во текот на годината училиштата во просек губат околу 1.000 ученици, меѓу другото и поради иселување на цели семејства.

Намалувањето на бројот на деца веќе ја менува и училишната мрежа. Во Македонија има вкупно 1.023 училишни објекти во основното и средното образование, а во 620 од нив годинава наставата ќе се организира во една смена.

Министерката за образование Весна Јаневска информира дека за новата учебна година се набавени 622.000 учебници. Нови комплети ќе добијат учениците од прво, второ и трето одделение, како и осмоодделенците и учениците во втора година гимназиско образование, каде што се воведуваат нови наставни програми

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...