Тренерот Савевски (33) загина во сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Кошаркарскиот тренер од Охрид Антонио Савевски (33) го загуби животот во страотната сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот во изградба Охрид – Кичево.

Како што информираше СВР Охрид, несреќата се случила во 23:30 часот кога патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид која го изгасналапожарот, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач.

Во тек се истражни постапки по што ќе биде соопштен терминот кога тој ќе биде погребан.

Антонио Савевски беше успешен тренер во младинските категории. Тој беше голем вљубеник во кошарката и пасиониран колекционер на над 400 кошаркаски дресови. Беше дел и од навивачката група „Рибари“, а со внимание ги следеше настапите на спортските колективи од Охрид.

Izvor i foto/ ohridnews.com



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи