Мицкоски: За две години остварени околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции, разликата со претходната влада е огромна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Вкупното ниво на странски инвестиции во изминатите 24-25 месеци, откако е избрана оваа Влада, изнесува околу една милијарда и 400 милиони евра, изјави денеска во Прилеп премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за владините резултати од привлекување на инвестиции изминативе две години.

​Правејќи споредба со резултатите од работењето на претходниот владин состав, премиерот истакна дека разликата е повеќе од очигледна. ​

– Она што можам да го кажам е дека, ако се направи анализа, да речеме, во последните две години, односно во овие 24-25 месеци откако оваа Влада е избрана, вкупното ниво на странски инвестиции е некаде околу една милијарда и 400 милиони евра. Иако секогаш ми велат „не се споредувај со претходно“, но ние мораме да се споредиме и со претходната влада, бидејќи ние сме влада која победила. Претходната влада понудила нов концепт и е избрана од граѓаните и е таму каде што е. Затоа мора да се споредуваме, колку и да била лоша таа. Ако ги споредиме овие две години со првите две години, тогаш кога немаше кризи, тогаш ќе стане збор за споредба помеѓу отприлика една милијарда и 400 милиони евра кај оваа Влада и околу 750 милиони евра кај претходната влада. Бројките се јасни. Разликата е огромна, без разлика дали тоа ќе го конвертираме како бројка визави глава на жител или како вкупна бројка – рече Мицкоски, кој денеска присустуваше на отворањето на новиот погон на фабриката „ВИК“ (WIK) во ТИРЗ Прилеп. ​

Тој нагласи дека Владата останува целосно ориентирана кон привлекување како на странски, така и на домашни инвеститори, посочувајќи ги најновите активности на овој план.

​- Станува збор за сериозна разлика. Вчера имавме почеток на една огромна инвестиција од половина милијарда долари. Сопственикот на таа инвестиција рече дека ќе ја дуплира таа инвестиција. Практично, тоа не е прва и последна инвестиција, туку продолжува и понатаму. Тоа е ветерниот парк кој ќе се протега во општините Радовиш, Штип и Карбинци. Денеска пуштаме нов производен погон во „ВИК“ овде, во Прилеп. Продолжуваме и понатаму, така што Владата е целосно ориентирана кон привлекување инвеститори. Ќе повторам: и меѓународната заедница, односно странски инвеститори, но и домашни инвеститори, се разбира – додаде премиерот Мицкоски.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...