Несреќа во Црна Гора, карпа падна врз автобус полн со деца кои се враќале од екскурзија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во Црна Гора, откако автобус со околу 90 ученици кои се враќале од екскурзија удрил во карпа на магистралниот пат Мојковац – Колашин. Во несреќата се повредени пет лица, од кои едно потешко.

Несреќата се случила околу 20:35 часот во местото Штитаричка Ријека. Според првичните информации, од околниот рид се одронил материјал и паднал на коловозот. Возачот се обидел да го избегне одронот, но предниот десен дел од автобусот удрил во карпа.

Тешко е повреден водачот на патувањето, кој, според информациите на „Вијести“, се здобил со скршеница на карлицата и повреда на пршлен на ‘рбетот. Поради сериозноста на повредите, тој итно бил пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора. Останатите повредени првично биле згрижени во болницата во Бијело Поле.

Меѓу четворицата полесно повредени се и тројца ученици од основното училиште „Павле Ровински“ од Подгорица.

5758613 viber image 20260919 212618201 ls s

Во автобусот имало околу 90 ученици. По несреќата, дел од нив биле пренесени кон Подгорица со возила на приватни превозници, додека за останатите бил обезбеден друг автобус од агенцијата која ја организирала екскурзијата. Неколку родители пристигнале на местото и лично ги презеле своите деца.

Возачот бил алкотестиран и, според неофицијалните информации од полицијата, не бил под дејство на алкохол.

За несреќата бил известен и државниот обвинител во Бијело Поле. Надлежните утврдуваат како дошло до несреќата и ги проверуваат сите околности на случајот.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи