(Видео) БиХ убедливо победи во Букурешт, Шведска ја совлада Полска

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Босна и Херцеговина ја победија Романија со 4:2 во Букурешт, во второто коло од Б дивизијата на Лигата на нации. Во оваа Група 4, Шведска славеше победа над Полска со 3:1.

БиХ остварија голема и убедлива победа во Букурешт, а по нерешениот резултат во Полска, остварија триумф во уште еден тежок натпревар на гостински терен.

Босна и Херцеговина стекна предност од два гола до 20-та минута. Гиговиќ го постигна првиот гол по грешката на Раду, а по неколку минути, Мухаремовиќ беше највисок во скокот по корнер и го дуплираше водството.

Романија ја намали разликата на 1:2 во 28-та минута со голот на Даниел Бирлигеа, кој ја искористи центаршутот на Лисав Наиф Еисат и го совлада Мартин Зломишлиќ.

Но, до крајот на првото полувреме, „Змејовите“ успеаја да ја врата предноста од два гола. Табаковиќ се најде на вистинското место и ја смести одбиената топка во мрежата.

Босна го постигна својот четврти гол во 55-та минута, кога Барјактаревиќ му намести гол на Махмиќ. Романија успеа само да го ублажи резултатот преку Чикалдау, кој гсо силен ударо од далечина ја погоди мрежата.

Во истата група, Шведска ја победи Полска со 3:1.

Домашниот тим поведе преку Нигрен, но гостите успеаја да израмнат на крајот од првото полувреме преку Шимански.

Шведска успеа повторно да поведе преку Ајари, а Ѓекерес го постави конечниот резултат.

Foto/ sportsport.ba



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи