ЕУ подготвува акциски планови за членство за нај

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Преку конкретни чекори и патокази Брисел го отвора патот за полноправно членство во Унијата за четири земји. Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија ќе добијат насоки и обврски што треба да ги завршат до зачленувањето. Бриселски „Политико“ повикувајќи се на информации од високи функционери на ЕК споделува дека на листата не се наоѓа Македонија. Заедно со Косово и Босна и Херцеговина сме во порана фаза на интеграции. Патокази нема да бидат испорачани ниту за Србија, Турција и Грузија чии апликации остануваат заглавени.

Според нацрт-документот на Комисијата до кој дошол Политико, ова ќе бидат првите јасни уверувања дека доколку земјите кандидати продолжат со спроведувањето на неопходните реформи, ќе бидат примени во ЕУ.

„Патоказите“ ќе направат појасно што точно се очекува од секоја земја кандидат, изјави еден од функционерите, а истовремено ќе создадат и обврски за актуелните членки на Унијата, кои треба да дадат одобрение за процесот да продолжи. Плановите исто така утврдуваат рамковни датуми за тоа кога групите реформи, познати како преговарачки „кластери“, формално ќе бидат завршени – значајни пресвртници на патот кон членството., пишува Политико.

Подготовката на вакви патокази ја најави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а доаѓаат во момент кога во Брисел се зборува за „есен на проширувањето“, по години забавен процес.

Брисел подготвува и модел на постепена интеграција, според кој земјите кандидати би добивале поголем пристап до европскиот пазар, заеднички проекти и економски придобивки, паралелно со напредокот во реформите. Ваквиот предлог на 6 октомври ќе им биде претставен на највисоките европски функционери.

Во нацрт-документот на ЕК се оценува дека проширувањето останува „геополитички императив“, но и дека пристапувањето бара време. Брисел размислува и за механизми за заштита од евентуални блокади или отстапување од преземените обврски по приемот на новите членки.

Главните одлуки за пристапувањето и предлозите на ЕК се очекуваат на самитот во Брисел најавен за 15 октомври. 

До тогаш Фон дер Лајен ќе ја спроведе балканската турнеја, која започнува во среда на 30ти со посета на Албанија. По неа патува во Косово и Подгорица, а во петок пристигнува во Скопје. 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...