Спречен шверц преку ЦИ Пошти: Куче-трагач откри 700 грама хашиш, приведен нарачателот од Тетово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Хашиш со тежина од 700 грама, е откриен од страна на царински службеници при контрола на поштенска пратка од Шпанија, која ја нарачал македонски државјанин Р.В. од Тетово.

Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и против него е поднесена кривична пријава до надлежно јавно обвинителство.

Случајот е откриен кога пратката која била пристигната во ЦИ Пошти е селектирана за детална контрола, по што при нејзино отворање во неколку херметички затворени кеси се пронајдени седум пакувања со зелена цврста материја. Веднаш се повикани тимови од Одделението за оперативни работи, при што откако царинско куче детектирало присуство на дрога во пратката, извршено е тестирање на материјата со коешто е потврдено присуство на ТХЦ.

Во моментот кога Р.В. ja подигнaл пратката, истиот е приведен од страна на инспектори од Одделението за истраги и против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...