Аргентина со седум парчиња ја испрати Буркина Фасо

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Репрезентацијата на Аргентина одигра пријателски натпревар со Буркина Фасо и победи со 7:0. Лионел Меси не беше присутен ниту на овој натпревар, легендарниот Аргентинец ќе се збогува со репрезентацијата за три дена во дуел со Бенин.

Аргентина постигна пет од седумте гола во првото полувреме.

Се започна со промашениот пенал на Лаутаро Мартинез во четвртата минута. Сепак, Мартинез се исправи и успеа да ја затресе мрежата. Неговиот удар го одбрани голманот на Буркина Фасо, но успеа да ја одбие топката само накратко, а Мартинез беше подготвен да ја испрати во мрежата. Помалку од четири минути подоцна, автоголот на Дијало го зголеми резултатот на 2:0.

А потоа, од 12-та до 36-та минута, мрежата ја погодија Џанлука Престијани, Нико Паз и Хулијан Алварез.

Лионел Скалони направи вкупно 11 измени во второто полувреме, а головите за конечни 7:0 ги постигнаа Франко Мастантуоно во 57-та и Џулијано Симеоне во третата минута од судиското надополнување на времето.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...