Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Движењето ЗНАМ одржа средба со граѓаните на Гостивар, на која под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“ беа презентирани резултатите од досегашната работа. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во обраќањето пред сопартијците се осврна на сработеното и резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард и европската интеграција.

Тој посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините.

– Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура, рече Димитриевски.

Тој се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните. Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски кажа дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина.

– Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет, рече Димитриевски

Пред гостиварци зборуваше и пратеникот Павле Арсоски. Тој се осврна на актуелните политички процеси и работата во Собранието. Поранешниот министер за правда Игор Филков, во обраќањето ги посочи реформите во правосудството и владеењето на правото. Обраќање имаше и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги.

MИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...