Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги примила акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, посакувајќи му добредојде, таа изразила уверување дека во неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште подобри.

– За неа, Турција е не само наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО, туку и искрен пријател којшто ги разбира македонските приоритети. Во формирањето на Советот за соработка на високо ниво, таа препознава политички чекор напред – посочуваат од Кабинетот.

За амбасадорот Акташ, стратешкото партнерство е од голема важност за обете земји.

Сиљановска-Давкова гледа отворен простор за соработка во економијата, трговијата, одбраната, инфраструктурата, енергетиката, туризмот, културата и образованието.

Таа ја поздравила Балканската платформа за мир, иницирана од Република Турција, како рамка за градење регионална стабилност низ дијалог.

За обajцата, турската заедница е важен сегмент на македонскиот етнички и религиозен мозаик, како што и граѓаните со македонско потекло во Турција се цврст меѓудржавен мост.

Тие споделиле и лични приказни коишто ги поврзуваат – амбасадорот Акташ укажал на своето македонско семејно потекло, а претседателката потсетила дека е родена во турска куќа во Охрид.

На крајот, таа му посака успех во извршувањето на одговорната амбасадорска функција – додаваат од претседателскиот Кабинет.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
9.2 ° C
9.2 °
9.2 °
88 %
0kmh
91 %
Mon
14 °
Tue
10 °
Wed
9 °
Thu
11 °
Fri
9 °

Поврзани написи

Вучиќ: Ги изгубивме изборите | Сител Телевизија

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори...

Мастерклас на Антонели, победи во Остин

Андреа Кими Антонели го направи завршниот чекор кон...

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното реми во Бергамо

Репрезентатаивецот на Македонија, Елиф Елмас, постигна еден гол...