Турците за селектор го сакаат Арда Туран

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалскиот сојуз на Турција, вчера му врачи отказ на селекторот Винченцо Монтела. Италијанецот, за предвремен раскин на договорот ќе добие 900.000 евра.

Монтела ја предводеше Турција од 2023 година, а дебаклот на Светското првенство и сите четири порази на почетокот од А-дивизијата на Лигата на нации, бе апричината да добие отказ. Најдобриот резултата му е пласманот во четвртфиналето на Европското првенство 2024.

Медиумите во Турција имаат одговор на прашањето кој ќе биде новиот селектор. Сигурни се дека доверба ќе му биде укажана на биде Арда Туран (39), поранешна фудбалска ѕвезда од оваа земја и поранешен фудбалер на Галатасарај, Барселона и Атлетико Мадрид.

Проблемот за Турците е што Туран е актуелен тренер на Шахтјор Донецк, тој е под договор, постигнува одлични резултати и големото прашање е дали Украинците ќе го пуштат да си оди.

Сепак, во Турција веруваат дека ќе успеат да го доведат.

Пред Шахтјор, овој млад стручњак го тренираше Ејупспор, каде што ја започна својата кариера.

Како играч, Туран одигра 100 натпревари за турската репрезентација и постигна 17 гола.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
0.6kmh
66 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
16 °

Поврзани написи