Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета, додека по одделен инцидент во фаза на потонување е и товарниот брод „Cape Dao“, објавија денеска извори од поморската безбедност.

Бродот „GFS Pride“, со капацитет од 2.824 TEU, а пловеше под знамето на Сингапур, потона откако беше погоден од ракета, соопштија извори, објавија британските медиуми.

Компанијата „GFS Ship Management FZE“ од Обединетите Арапски Емирати, која управува со бродот, не беше достапна за коментар.

Во одделен инцидент, бродот „Cape Dao“ со знаме на Антигва и Барбуда е во фаза на тонење во близина на теснината откако беше погоден од ракета на 23 септември, додадоа изворите.

Компанијата „Peonies Shipmanagement FZE“, со седиште во ОАЕ, која управува со бродот, не беше достапна за коментар.

Британската агенција за поморска трговија (UKMTO) претходно денеска соопшти дека два комерцијални брода биле погодени од „непознати ракети“ во одделни инциденти во Ормуската Теснина.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи