Неколку лица се приведени во врска со двете убиства што за само пет дена се случија во скопската општина Ѓорче Петров.
Засега од МВР нема официјални информации за идентитетот на приведените, нивната улога во случаите или за доказите врз основа на кои се осомничени.
Според неофицијалните сознанија објавени во повеќе медиуми, истрагата се движи во насока дека мотивот за двете убиства бил користољубие, односно грабеж. Жртвите биле нападнати во сопствените домови, а по убиствата биле ограбени.
Веќе втор ден од МВР не споделуваат информации дали станува збор за поврзаност на двата кривично-правни случаи. Жената според неофицијалните информации била насилно убиена при разбојништво.













