Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Европската интеграција, реформските процеси и продлабочувањето на билатералната соработка беа во фокусот на денешната средба во Скопје на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ.

На средбата, која се одржа во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, соговорниците го потврдиле високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во разговорите било нагласено дека пристапувањето кон Европската Унија треба да се одвива врз основа на заслуги и спроведени реформи.

Станало збор и за утрешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно унапредување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.2 ° C
11.2 °
11.2 °
85 %
0.1kmh
100 %
Thu
11 °
Fri
13 °
Sat
10 °
Sun
10 °
Mon
11 °

Поврзани написи

Познато е кога Компани се враќа на клупата на Баерн

Венсан Компани, вечера, беше отпуштен од болница, откако...

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика

Концертот „Одек низ времето“ претставува уникатен музички проект...

Ѓоковиќ: Со Федерер секогаш имав само професионален однос

Откако победи на првиот меч, на турнирот од...

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги

Владата инвестира во модернизација на институциите преку набавка...

Тевез Ферги сакаше да ми ја намали цената, се преселив во Сити од одмазда

Легендарниот Аргентинец, Карлос Тевез, проговори за периодот од...