(Видео) Кими Антонели е светски шампион – Макс Ферстапен победи во Мексико

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Мексико, пред Луис Хамилтон , но приказната на денот е Андреа Кими Антонели. Италијанецот трката ја заврши на третото место и со 19 години и 68 дена стана најмладиот светски првак во историјата. Мерцедес повторно има шампион по 2020 година, а Италија го доби првиот шампион по 73 години кога шампион беше легендарниот Алберто Аскари.

Што се однесува до трката на автодромот „Ерманос Родригез“, која се одржа како 19-та рунда од сезоната, победата ја однесе Ферстапен, со помалку од секунда предност во однос на Луис Хамилтон во Ферари. Холанѓанецот со тоа го забележа својот трет триумф оваа сезона, а 74-ти во кариерата. Антонели беше две секунди зад Хамилтон на третата позиција.

Гран При на Мексико имаше два дела, бидејќи беше прекината од сериозен инцидент во кој возачот на Кадилак, Валтери Ботас, претрпе оштетување на суспензијата, тркалото се откина и тој се удри во заштитната ограда.

Бидејќи оградата беше многу оштетена, беше истакнато црвеното знаме, а прекинот траеше повеќе од половина час.

Во моментот на прекинот на трката, Антонели штотуку ги смени гумите и со тоа му го препушти водството на Ферстапен, кој профитираше од судирот меѓу возачите на Ферари на стартот.

Леклер доби казна од пет секунди поради инцидентот, ја загуби водечката позиција од Ферстапен во боксот. Хамилтон ги посети механичарите круг подоцна, дозволувајќи му на Антонели да го преземе водството и да биде на чекор до титулата. Вториот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, поради контактот со Исак Хаџар од Ред Бул во првиот круг, доби казна од 10 секунди.

По вториот старт, Ферстапен го презеде водството пред Хамилтон, Леклерк и Антонели, но Леклер имаше силно сопирање влегувајќи во првата кривина. Новиот шампион го искористи тоа неколку кривини подоцна за да го нападне возачот на Ферари и да го освои третото место.

Foto/ depositphotos





Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
7.2 ° C
7.2 °
7.2 °
96 %
1.4kmh
100 %
Mon
12 °
Tue
9 °
Wed
9 °
Thu
10 °
Fri
6 °

Поврзани написи

(Видео) Лукас Окампос – кандидат за „Пушкаш“

Аргентинскиот фудбалер Лукас Окампос ја истакна својата кандидатура...

До 15.30 часот во Брвеница гласале над 40 отсто од избирачите

До 15:30 часот во Општина Брвеница гласале 6.579 граѓани,...

До 15.30 часот во Брвеница гласале над 40 отсто од избирачите

До 15:30 часот во Општина Брвеница гласале 6.579 граѓани,...