Ромеро нема дилема кој треба да ја добие „десетката“ во репрезентацијата на Аргентина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Лионел Меси се збогува со дресот на аргентинската репрезентација минатиот месец, а многумина се прашуваат кој ќе го носи дресот со број десет.

Новиот капитен, Кристијан Ромеро, исто така зборуваше за тоа, и тој нема дилема кому треба да му припадне култната десетка.

„Ако требаше јас да решам, би му го дал дресот со број десет на Хулијан Алварез. Немам никакви дилеми околу тоа“, рече Ромеро.

Искусниот стопер вели дека „десетката“ треба да му се даде на еден од поискусните репрезентативци кои долго време се во тимот, бидејќи се плаши дека таквата одговорност би била преголема за помладите играчи.

Кој ќе ја добие „десетката“ ќе биде познато овој месец кога Аргентина ќе одигра два пријателски натпревари.

Тие ќе го играат својот прв натпревар на 13 ноември на „Бомбонера“ против Уругвај, а потоа четири дена подоцна ќе се сретнат со Костарика во Кордоба. Ова ќе бидат првите натпревари на Аргентина без Меси.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
moderate rain
6.9 ° C
6.9 °
6.9 °
95 %
0.8kmh
100 %
Tue
7 °
Wed
11 °
Thu
10 °
Fri
11 °
Sat
12 °

Поврзани написи

Организаторите на „Златната топка“ најавија тужба

Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Лекип“ и...

Струга во Скопје го победи Вардар

Вардар, во дербито на 12-то коло, во домашното...

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ, лидерот на пцер и поранешен министер

Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација...

Уднезе веќе најде замена за тренерот Руњаиќ

Фудбалскиот клуб Удинезе се разделува со поранешниот тренер...