ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ, лидерот на пцер и поранешен министер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.

Тажната вест ја објави „Рома Прес“, од каде што со емотивна порака се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница.

Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата политичка кариера извршуваше повеќе значајни функции, меѓу кои пратеник во македонското Собрание, министер без ресор во Владата, како и директорска функција.

Тој беше препознатлив по својот политички ангажман и застапувањето на интересите и правата на ромската заедница во Македонија.

„Денес нè напушти човек кој остави свој белег во политиката“, се наведува во прошталната порака на „Рома Прес“.

Засега не се соопштени дополнителни информации за причината за смртта.

Tetovo
overcast clouds
10.5 ° C
10.5 °
10.5 °
88 %
1.8kmh
100 %
Mon
10 °
Tue
9 °
Wed
9 °
Thu
10 °
Fri
11 °

Поврзани написи

Уднезе веќе најде замена за тренерот Руњаиќ

Фудбалскиот клуб Удинезе се разделува со поранешниот тренер...

Тен Хаг: На Јунајтед му се заканува испаѓање од Премиер лигата

Ерик тен Хаг, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед,...

Баерн во големи проблеми пред мечот со Атлетико

Фудбалерите на Баерн, Исмаел Саибари и Серж Гнабри,...