(Видео) Кајт го урна својот сакан Ливерпул и рече: Направивме чудо

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Емотивна вечер во Истанбул: поранешниот голгетер на Ливерпул, Холанѓанецот Дирк Кајт, го урна својот сакан клуб во улога на тренер. „Направивме чудо и ѝ покажавме на Европа кој е Фенербахче“, реча Кајт.

Привремениот менаџер на Фенербахче, Дирк Кајт, ја забележа најголемата победа во кратката тренерска кариера, откако го победи клубот што ја одбележа неговата играчка кариера, со порака дека клучот за триумфот е безусловното единство и вербата во сопствената сила.

Фенербахче приреди едно од најголемите изненадувања во 4. коло од Лигата на шампионите, откако го победи славниот Ливерпул со 3:2.

Натпреварот во Истанбул имаше посебен набој, а во центарот на вниманието беше привремениот тренер на турскиот великан, Дирк Кајт, кој зрачеше од гордост по натпреварот.

Холандскиот стручњак не ги криеше своите емоции со оглед на тоа што некогаш со голем успех го носеше дресот на тимот од „Енфилд“.

„Беше многу посебна ноќ за мене и за сите што го сакаат Фенербахче. Имавме тежок период, но морам да им оддам огромни комплименти на играчите и на тренерскиот штаб кои постојано ги туркаа напред“, рече Кајт на прес-конференцијата.

Холанѓанецот, исто така, го откри рецептот што го донесе триумфот против тимот со кој дели длабока историја.

„Си кажавме еден на друг дека мора да се држиме заедно, да бидеме обединети и да продолжиме да веруваме во себе. Тоа е нешто што го научив во друг клуб што многу ми значи – Ливерпул, против кого игравме вечерва.“

Фенербахче го одигра натпреварот со голема енергија и страст, губејќи со 0:1 и 1:2, но со френетична поддршка од трибините, успеа да го сврти резултатот.



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
6 ° C
6 °
6 °
95 %
0.4kmh
100 %
Thu
9 °
Fri
13 °
Sat
11 °
Sun
11 °
Mon
11 °

Поврзани написи