Жесус: Го молев Роналдо да остане, ми беше потребен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Селекторот на Португалија, Жорге Жесус, се огласи откако Кристијано Роналдо (41) објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера. Еден од најголемите фудбалери на сите времиња се збогува со репрезентацијата во четврток по 23 години, а Жесус откри дека се обидел да го убеди да остане. Селекторот, објасни колку Роналдо ѝ значи за репрезентацијата и откри интересен детаљ од просториите на Португалската фудбалска асоцијација.

„Кристијано е светска икона, пример за Португалија и репрезентацијата. Тој даде многу за нашата репрезентација во текот на сите овие години. Тој е симбол на португалската младина и повеќето од неговите фанови се млади луѓе. Имав можност да работам со него една година во Ал Наср и знам колку многу значи“, рече Жесус.

Португалскиот тренер откри дека сакал да ја истакне важноста на Роналдо за новите генерации фудбалери во просториите на Асоцијацијата.

„Нарачав голема негова фотографија да биде поставена во нашата сала за да можат сите млади играчи да го гледаат секој ден“, објасни тој.

Потоа призна дека сакал да продолжи да работи со Роналдо, но дека не успеал да го убеди да ја семени одлуката.

„Го замолив да продолжи, бидејќи ни е потребен. Но, морам да ја прифатам неговата одлука. Тој секогаш ќе има место во срцата на португалскиот народ. Тој секогаш ќе биде икона на португалскиот фудбал“, рече Жесус.

Роналдо донесе одлука да ја заврши својата репрезентативна кариера по турбулентен период и несогласувања со Жесус. На крајот на септември, Португалецот остана на клупата за време на натпреварот против Норвешка, иако претходно се загреваше пред да влезе во игра.

Неколку дена подоцна имаше нов конфликт кога Жесус на прес-конференцијата нагласи дека тој одлучува кој , кога и колку ќе игра. Роналдо потоа го напушти кампот на репрезентацијата, а Португалската фудбалска федерација го казни со 30-дневна суспензија и 255 евра.

И покрај несоглласувањата, Жесус на почетокот на октомври објави дека вратата на репрезентацијата е отворена за Роналдо. Португалскиот весник „А Бола“, потоа напиша дека тренерот сака да го повика за ноемвриските натпревари против Данска и Велс.

Според „Рекорд“, Роналдо му ја соопштил одлуката да ја заврши својата репрезентативна кариера на претседателот на Федерацијата, Педро Проенса, но не и на Жесус.

Португалецот се збогува со 234 настапи и 146 голови, како светски рекордер во обете категории во машката репрезентација. Со Португалија го освои Европското првенство во 2016 година и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Фото/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
6.9 ° C
6.9 °
6.9 °
91 %
0.1kmh
100 %
Thu
7 °
Fri
12 °
Sat
11 °
Sun
13 °
Mon
12 °

Поврзани написи

Сè за неславното заминување на Роналдо од националниот тим

Недоразбирањата меѓу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија,...

Почина легендарниот Алан Џонс

Легендарниот австралиски возач Алан Џонс, светски шампион во...

(Видео) АЕК водеше двапати, на крајот Реал победи

АЕК и Реал Мадрид одиграа извонреден натпревар на...

Шекеринска: Со компромис и нудење решенија – побрзо до ЕУ

Само со компромис и нудење решенија, Македонија може...