Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


По истрагата и проверките што ги спроведоа припадниците на Крајбрежната служба на Грција, со помош на куче за откривање експлозивни направи, не беше пронајден ништо сомнително. Проверките следуваа откако попладнево беше пријавено дека на траектот „Blue Star 1“, закотвен во атинското пристаниште Пиреја, е поставена бомба. На бродот имало 875 патници и 83 членови на екипажот, пренесе дописничката на МИА од Атина.

Од грчката Крајбрежна служба информираа дека за време на проверките сите патници биле евакуирани. Траектот требало да исплови од Атина кон островите Сирос, Патмос, Лерос, Кос и Родос.

Освен патниците и членовите на екипажот, на бродот имало и 89 автомобили, 12 мотоцикли, 110 товарни возила и еден минибус. По завршувањето на проверката, се очекува траектот да добие дозвола за испловување.

Според грчките медиуми, пријавата била упатена од непознато лице до еден од патниците, со предупредување дека на бродот е поставена бомба која ќе експлодира.

Лажна дојава за бомба имаше и минатата недела, кога беше пријавено дека е поставен експлозивен механизам на крузерот „Crown Iris“. На бродот имало 940 патници и 597 членови на екипажот, а од грчкиот остров Сирос требало да отплови кон Хаифа, Израел.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
5.9 ° C
5.9 °
5.9 °
91 %
0.4kmh
16 %
Tue
15 °
Wed
17 °
Thu
18 °
Fri
20 °
Sat
14 °

Поврзани написи

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без...

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности

Опозициската ДУИ бара одговорност од Институтот за јавно...

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло,...

Легендарниот Раул ќе дебитира како тренер во сениорскиот фудбал

Раул Бланко Гонзалез ќе стане тренер на фудбалскиот...