Македонската фудбалска јавност повторно е обвиена во црно. На 46-годишна возраст ненадејно почина поранешниот македонски репрезентативец Владимир Секуловски, човек кој остави длабока и неизбришлива трага на домашната фудбалска сцена.
Роден 1980 година, Секуловски во текот на својата играчка кариера со гордост ги бранеше боите на неколку македонски великани, меѓу кои Вардар, Слога Југомагнат, Работнички и неговиот матичен Тетекс. Зад себе остави богата спортска биографија зачинета со бројни шампионски титули и пехари во Купот на Македонија, а посебен статус на миленик на публиката уживаше во Тетово, каде е впишан во поновата историја на „штофарите“.
Оваа тажна вест доаѓа како огромен шок, особено ако се знае дека пред само два дена згасна и животот на Агрон Мемеди. За помалку од 48 часа, градот под Шара и македонскиот фудбал останаа без две значајни имиња кои со својата игра и посветеност ја одбележаа една цела фудбалска епоха.













