Статистика за групната фаза од Лигата на нации 2026/27

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Ниту една репрезентација, од четирите дивизии на Лигата на нации на УЕФА, не ги доби сите шест натпревари, односно не ги освои максималните 18 бода. Најблиску до совршениот резултат беа Швајцарија (16) и Црна Гора (16), првата екипа како победник во Група 1 од Б дивизијата, а втората како најдобра во Група 2 од Ц дивизијата.

Што се однесува до гол-разликата, тука најдобра е Англија, „Горди Албион“ постигна 19 гола и прими само шест.

Капитенот на Англија и освојувачот на последната „Златна топка“, Хари Кејн, даде свој личен печат на доминацијата на тимот во ефикасноста, како стрелец на осум гола.

Зад напаѓачот на Баерн, се наоѓаат шесткратни стрелци: Андри Гудјонсен (Исланд), Виктор Ѓекерес (Шведска), Ерлинг Халанд (Норвешка), Расмус Хојлунд (Данска), Трој Перот (Република Ирска).

Интересно е што досегашниот тек на ЛН донесе дури пет хет-трика. Автори на посебните остварувања беа: Џоел Појанпало (Финска), Андри Гудјонсен (Исланд), Роберт Левандовски (Полска), Тижани Рејндерс (Холандија) и Адријан Свонбак (Финска).

Англичаните го имаат и најдобриот асистент, бидејќи Џуд Белингам „намести“ шест гола. Играчот на Реал Мадрид во таа статистичка колона ги следат: Мартин Едегор (Норвешка, 5), Реи Манај (Албанија, 4), Ори Оскарсон (Исланд, 4)…

Што се однесува до најубедливите триумфи, дури три екипи славеа со резултат од 7:0: Англија против Хрватска, Холандија во дуелот со Грција и Финска над Сан Марино.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
12 ° C
12 °
12 °
91 %
2.2kmh
74 %
Thu
17 °
Fri
16 °
Sat
13 °
Sun
13 °
Mon
11 °

Поврзани написи

Англија сака да биде домаќин на завршницата на Лигата на нации

Фудбалската асоцијација на Англија е заинтересирана да биде...

Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации

Македонската женска фудбалска репрезентација во новото издание од...

Матјаж Кек негира дека ќе биде селектор на Македонија

Дел од месиумите во Словенија и Македонија, вчера...

Гулер го продолжи договорот со Реал

Турскиот фудбалер, Арда Гулер го продолжи договорот со...

Хуан Мата замина во пензија

Шпанскиот виртуоз Хуан Мата, на 39-годипна возраст, реши...